СП: ШТУХЕЦ НАЈБРЗА НА ЖЕНСКИОТ СПУСТ ,ВОН СО ’’БРОНЗА” ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА

Илка Штухец се врати во вистински момент во победничка форма.Откако ја пропушти 2018 поради повреда,вицешампионката во Светскиот куп за 2017,денеска триумфираше на спустот во Оре вреден златен медал со што го повтори   успехот од мудијалот во Сент Мориц.28 годишната скијачка од Словенија денеска триумфираше пред Корин Сутер и Лидзи Вон.Швајцарката Сутер беше побавна за 23 стотинки,американката Вон беше за 49 стотинки од резултатот на Штухец и со бронзен  медал се одјави од скијање,како што  најави пред почетокот на СП во Оре и го повтори ставот после незгодата на супер џи трката.34 годишната Вон во кариерата има 8 медали од СП-ва од кои  два златни.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ