Советот за безбедност се подели околу протестите во Иран

Протестите во опозицијата во Иран го поделија Советот за безбедност на Обединетите нации, откако беше свикана на барање на САД, откако американскиот претседател Доналпд Трамп преку твитер ги поддржа демонстрантите.

Американската амбасадор во ОН, Ники Хејли му порача на Техеран дека светот ќе ги следи неговите чекори, додека Русија и Франција сметаат дека протестите се внатрешна работа на Иран.

„Денес граѓаните на Иран и се обраќаат на својата влада и нивната порака е  недвосмислена: Стоп за поддршка на тероризмот. Стоп за давање на милијарди наши пари на убијци и диктатори. Стоп за крадење на нашето богатство и трошење на странски борци и туѓи војни. Мислете на нас“, рече Ники Хејли, амбасадор на САД во ОН.

Ставот на Русија е дека Вашингот навлегол во внтарешно прашање на Иран со свикување на Советот за безбедност.

„Денеска уште еднаш сме сведоци како САД го злоупотребуваат Советот за безбедност. Зошто САД, постојана членка на Советот за безбедност го поткопува неговиот авторитет како тело одговорно за меѓународниот мир и сигурност“, изјави Васили Небензја, амбасадор на Русија во ОН.

Франција од своја страна подвлече дека Иран мора да ги почитува човековите права, но оти настаните од изминатите денови во Иран не претставуваат закана за меѓународниот мир и безбедност. Францускиот амбасасор побара Советот да реагира претпазливо, со ограда од каква и да е експлоатација на оваа криза, која само ќе ги засили екстремистите.

„Ние мора да бидеме претпазливи кон каков и да е обид на искористување на оваа криза за лични цели што може да заврши со дијаметрално спротивен исход од посакуваниот.  Да заклучам, промените во Иран нема да дојдат од надвор, туку ќе дојдат од самиот ирански народ“, изјави Франсоа Делатре, амбасадор на Франција во ОН.

Во протестите во Иран кои започнаа на 28 декември досега  се убиени 21 лице, а стотици се уапсени, Анти-владините протести започнаа поради незадоволство од високите цени на храната и растечката невработеност во земјата. Демонстрантите бараат оставка од владата во Техеран.

Иранскиот амбсадор во ОН изјави дека ирабската влада кон протестите одговорила со почитување на правата на демонстрантите, со целосна намреа мирно да се справи со нив и покрај инфилтрираните насилни елементи поддржани од странски сили, вклучително и од претседателот на САД.

„За жал и покрај отпорот на дел од членките, Советот за безбедност дозволи да биде злоупотребен од актуелната американска администрација да одржи состанок за прашање кое е надвор од неговиот мандат“, изјави Голамали Кошру, амбасадор на Иран во ОН.

Кина исто така го окарактеризира состанокот како мешање во внатрешните работи на Иран , додека Шведска, Етиопија, Кувајт, Боливија, изразија воздржаност за тоа дали Советот е правото место на кое треба да се дискутира за протестите.

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ