Сослушување во Претставничкиот дом за политиката на САД кон Иран

Одборот за надворешна политика при Претставничкиот дом денеска одржа сослушување посветено на политиката на САД кон Иран, на кое се разгледува и воздушниот напад при кој загина иранскиот генерал Касим Сулејмани.

На сослушувањето се очекуваше да присуствува и американскиот државен секретар Мајк Помпео, но тој не се појави.

На настанот учествуваат Ричард Хас, раководител на вашингтонската фондација Совет за надворешна политика и Аврил Хајнес, истражувач од универзитетот Колумбија.

Во своето воведно излагање Хас истакна дека најновите случувања во Иран треба да се разгледуваат во контекст на 70 годишната историја на односите на САД со оваа земја, со посебен акцент на последните четири децении по Исламската револуција во Иран.

Хас обрна посебно внимание на одлуката на претседателот Доналд Трамп да го напушти нуклеарниот договор со Иран и да воведе засилени санкции против земјата.

Излегувањето од Договорот од Иран беше оценето како несовесна постапка, со оглед на тоа дека земјата ги почитуваше условите на Договорот, што повеќепати беше потврдено од Меѓународната агенција за атомска енергија, изјави Хас.

На сослушувањето се оценуваше дали излезот на САД од Договорот го направи регионот на Блиски Исток и светот понесигурен и понебезбеден или обратно. А слични прашања се поставуваа и во однос на убиството на Сулејмани, кое за републиканските конгресмени е исправна одлука, бидејќи неговите акции претставувале „неминовна закана“ за американскиот персонал, за дипломатите и амбасадите, како и за војската во регионот.

Исто така беше истакнато и дека воздушниот напад ги поништил иранско-американските односи.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ