Сојузот на здруженијата на дијабетичари ја поздравува одлуката за уништување на инсулините од паралелен увоз

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) ја поздравува одлуката на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за здравство, за уништување на заостанатите количини на инсулини кои се чувале во Бирото за стокови резерви, а биле набавувани со Законот за паралелен увоз.

Ваквите одлуки, како што посочуваат од Сојузот, треба да продолжат се до уништување на последното инсулинско пенкало кое е со сомнителен квалитет од времето на паралелниот увоз. Од Сојузот изразуваат благодарност до Министерството за здравство за тоа што конечно лицата со дијабетес 123.850 во нашата држава, можат да бидат сигурни во квалитетот на инсулините кои се набавуваат со гаранција за квалитет на истите.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ