Со спектакуларен концер Ванеса Меј го отвори „Охридско лето“

Светски познатата виолинистка Ванеса Меј, синоќа го отвори 59-тото издание на Охридско лето.

Бројната публика уживаше во спектакуларниот концерт на Меј која настапи во придружба на македонската филхармонија. По завршување на концерот, Меј која е познат активист за правата на животните се сретна со активистите од Анима Мунди и во видео порака упати апел до властите во Македонија да го спречат труењето на животните и да им помогнат.

Охрид во следните 40 дена во рамки на културното лето, ќе им овозможи на посетителите да уживааат во 45 интересни, различни музички и драмски содржини.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ