Со рекорд на патеката „Хокенхајмринг“ Фетел беше најбрз во квалификациите пред трката за ГН на Германија

Себастијан Фетел ќе стартува од пол-позицијата на утрешната 11 трка во формула еден шампионатот што ќе се вози пред негова публика за Големата награда на Германија.

Возачот на „Ферари“ имаше најбрз круг на официјалните квалификации со време од една минута, 11 секунди и 212 илјадитинки што е нов нов рекорд на патеката „Хокенхајмринг“ за неговиот 55  пол во кариерата. За 204 илјадитинки послаб резултат оствари Финецот Валтери Ботас на „Мерцедес“, кој ќе му прави друштво во првиот ред.

Од вториот ќе стартуваат Финецот Кими Раиконен на „Ферари“ и Холанѓанецот Макс Верстапен на „Ред Б0ул“, додека по нив за третиот ред се изборија двајцата возачи на „Хас“, Данецот  Кевин Магнусен и Французинот Роман Грожан.

Германецот Нико Хулкенберг и Шпанецот Карло Саинц, пилотите од тимот на „Рено“ ја обезбедија седмата односно осмата позиција, а во првите 10 влегоа уште Чарлс Леклерк од Монако на „Заубер“ и Мексиканецот Серхио Перез на „Форс Индија“.

Актуелниот првак Британецот Луис Хамилтон на „Мерцедес“ ќе стартува од 14 место откако излета од патеката поради проблеми со хидроуликата.

Пред трката за германското Гран при, во Генералниот пласман кај возачите, Фетел води со 171 бод, седум повеќе од Хамилтон на втората позиција.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ