Со премиера на „Ефектот на среќа“ на Зафировски започна 18.Синедејс

Со премиерата на македонскиот филм „Ефектот на среќа“ на режисерот Борјан Зафировски вечерва започна осумнаесеттиот Фестивал на европски филм „Синедејс“.

Режисерот Зафировски го напиша сценариото за филмот заедно со Дејан Дуковски и Огнен Георгиевски. Кинематографер е Димо Попов,  а продуцент Сашо Пешев.

„Синедејс“ годинава има 11 програми со повеќе од 100 филмови, како и придружна програма од десет работилници, предавања и мастеркласови и седум концерти и диџеј-сетови.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ