Со отписот на даночен долг на Те-ТО, владата сака да ја уништи Топлификација

Комисијата за заштита на конкуренцијата која го вршела отписот на даночниот долг на Те-То, во висина од 24 милиони евра, да ја преиспита одлуката од минатата година. ОЈО во најкраток можен рок да го потврди кршењето на Законот за трговски друштва и да се стопира стечајната постапка на Топлификација. Ова денеска го побараат  од Здружението за заштита на акционерите од Топлификација, кои сметаат дека владата сака да ја уништи фирмата со незаконскиот стечај на Те-То во 2018 година. Се пожалија дека се оштетени со 40 милиони евра и дека вкупниот кумулативен долг кон државата со таа одлука изнесува околу 200 милиони евра.

  • Сега промтно се брза да се уништи Топлификација , мислејќи дека ќе нема утре кој да реагира . Па ќе им пројде криминалот . Тоа е јасно . Тука се лажат, ние нема да дозволиме . Затоа што сега си ставија признание со документ , што утре некој може да ги гони- Ивица Стојановски-акционер од Топлификација.
  • Единствено решение за да Те-То не плаќа долгови , а да не се повреди планот за реорганизација на Те-То, во таа стечајна постапка се наоѓа соломонско решение да му даде државата државна помош на Те-То, во форма на одлагање на даночните обврски за 2018 и 2019, за 9 години- Димитар Хаџи –Мишев, директор на Топлификација.
Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ