Со над три милиони евра Орце Камчев сака да си ги врати пасошите назад

Бизнисменот и осомничен во предметот „Империја“ за перење пари и други кривични дела, Орце Камчев мора да патува деловно, потенцираа негoвите адвокати на денешната јавна седница по жалбата за укинувањење на мерката за претпазливост.

Дека Камчев редовно ќе се јавува во судот гарантира со нови 955 илјади евра или вкупно 3 милиони и двесте илади евра во имот. Адвоактот на Камчев, Антонио Апостолки посочи пред судиите дека доколку тој избега имотот може да се продаде и да се надомести штетата од кривичните дела, иако до сега не е извршено вештачење и не се знае вкупната штета, која СЈО претпоставуваше дека е 14 милиони евра.

На овој предлог се спротистави вишиот јавен обвинител Јован Цветановски, според кого, Камчев може да гарантира дека ќе се појавува, но со овие пари не може да ја откупи штетата, доколку биде правосилно осуден.

Одлуката дали Камчев ќе ги добие пасошите назад, Апалеција ќе ја донесе и соопшти во наредните денови.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ