Со инвертори против загадувањето на воздухот

Десет илјади семејства во Скопје, Тетово, Битола и Кичево ќе имаат можност да добијат субвенција од илјада зевра за да го сменат системот на греење од дрво на ивертори. Оваа мерка со која би требало да се намали загадувањето на воздухот вчера беше донесена на седница на Владата.

Премиерот соопшти дека анализите покажале дека греењето со инвертори е финансиски најисплатливо за домаќинствата

Субвенцијата тежи десет милиони евра, а парите ги обезбедува ЕСМ. Според планот, секое семејство ќе добие ваучер од илјада евра и по свој избор ќе купи инвертор.

Право на аплицирање ќе имаат само оние граѓани од четирите града кои живеат во населби каде нема можност за парно греење или за гасификација.

Граѓаните кои ќе ја добијат субвенцијата ќе мора да ги дадат старите шеки на дрва кои ќе бидат однесени на отпад и уништени.

Според официјалните податоци кои ги презентираше Владата, само во Скопје во грејната сезона се трошат 317 илјади тони дрва што е еквивалент на планината Водно а годишно во државата поради греењето се горат 1,1 милион кубици дрво. Запрепастувачки е податокот што дури 40 отсто од дрвата користени за греење се нелгално исечени за кои граѓаните им платиле на дрвокрадците.

Од Владата најавија дека оваа мерка идната година ќе се прошири и во други градови.

Огнен Чанчаревиќ




Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ