Со буџет над 7% поголем од ланскиот во 2020 приоритети се културното наследство, музичко-сценските проекти и афирмацијата во странство

Буџетот за култура, годинава изнесува 3 милијарди, 462 милиони, 483 илјади денари. Тој е поголем од минатогодишниот буџет за над 7%, велат за Телма од Министерството за култура.

  • Буџетот за култура во 2020 година е поголем од буџетот во 2019 година за 7, 33%. Согласно Стратегијата за развој на културата, годинава приоритети за подршка остануваат заштитата на културното наследство, музичката и драмската програма, како и афирмацијата на земјава во меѓународни рамки, велат од ресорот Култура.

Ставката од буџетот, за дејности и активности е проектирана на околу 3 милијарди, 141 милион денари, а Министерсто за култура ќе располага со околу 321, 5 милиони денари, велат од таму. Од ресорот додаваат дека до 6 февруари ќе бидат објавени резултатите по конкурсите за подршка на проектите со Годишната програма, за да се запази законскиот рок за објавување, најдоцна 45 дена по усвојувањето на државниот буџет.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ