Со 30 концерти Филхармонија ќе го прослави 75 роденден во новата сезона

Под мотото „ Моја бесмртна љубов“, нашата Филхармонија во претстојната сезона , ќе одбележи 75 години постоење. Ќе бидат изведени 30 концерти на кои ќе настапат истакнати домашни и странски музичари и диригенти. За целата сезона веќе може он лајн да се купат блок влезници по цена од 9 000 денари до 15 септември, а потоа цената ќе биде 10 илјади денари, велат од Филхармонијата.  Во сезоната 2019/2020 ќе се одбележат повеќе јубилеи, меѓу кои 60 години од раѓањето на композиторот Гоце Коларовски, 85 години од раѓањето на Томислав Зогравски и 200 години од раѓањето на германскиот композитор Бетовен. Негово дело ќе биде изведено на отворањето на сезоната, на 26 септември, заедно со музичката поема „ Така зборуваше Заратустра“ од Рихард Штраус.

  • На концертот ќе настапи, на наше задоволство и на задоволство на филхармоничарите, Александар Мелников, големиот руски пијанист, кој ќе го изведе Клавирскиот концерт бр.1 од Бетовен, рече Виктор Илиески- директор на Филхармонијата.
  • Покрај тоа што оваа година ќе го чествуваме Бетовен, ќе обрнеме внимание и на двајца македонски композитори, кои што се многу значајни во развојот на македонската симфониска музика. Тоа се Томислав Зографски и пред тоа ќе го одбележиме јубилејот на прерано починатиот Гоце Коларовски, изјави Роза Нолчева- ПР во Филхармонија.
Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ