Сметководителите алармираат дека давачки од 50% од нето плата се преголем трошок

Плата од 500 евра за работникот, работодавците ги чини 750 евра од кои 250 завршуваат кај државата. Комората на сметководителите алармира дека оданочување од 50 проценти од нето платата, за стопанство чиј столб се малите фирми е преголем трошок. Велат капак на се се и  честите  промени во даночната регулатива без консултации со бизнисот. Така од први јануари се зголемуваат ставките за придонеси за нови 0,5 проценти, па фирмите ќе треба да плаќаат 18,8 проценти за пензиско осигурување, 7,5 за здравство. Реагираат дека за една година само трошоците за придонеси пораснале за еден процент.

  • Државата се обидува да пополни одредени буџетски дупки не со стратегија и визија за тоа како тие да се пополнат, туку ад хог со дневнополитички со краткорочни политики директно на грбот на бизнис секторот“.- вели Благоја Грозданов, Член на УО на Комора на сметководители

Велат законите често се препишуваат само колку да ги има на хартија, па потоа се ретерира и се враќа старото законско решение, или тие не функционираат во пракса. Според нив  растот на минималната плата на 14.500 денари може да ја зголеми сивата економија и да прати порака дека се наградуваат оние кои до сега исплатувале плата на црно. Како пример за лошо законско решение го посочија и прогресивното оданочување.

  • Масовно се случи она што ние како ССК апелиравме. Одма нашиот народ се снаоѓа го повлекува тој договор за закуп, прави на 500 евра договор за закуп, а разликата во кеш. Значи зголемуваме сива екоономија. Имаме ограничување на плаќање во готово, нели  е до 500 евра не смееме повеќе од 500 евра. Пример овие што продаваат возила сегде ги имаме плацовите. Сите договори сакаш да купиш Пунто, Ауди А6, Мерцедес сите договори се на 29.999 денари зошто немаш потреба од трансакциј,а разликата се исплаќа во кеш“ – Драган Митковски, претседател на Комора на сметководители.

Велат не функционира ниту законот за сметководство, а токму тие се главниот сервис на државата за прибирањето на даноците. Па, сега завршна сметка наместо овластен сметководител може да потпише и управител на компанија.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ