Случај Неготино: Класните раководители први во низата одговорни

Државниот просветен инспекторат го задолжи неготинското училиште да превземе мерки против класните раководители на одделенијата во кои учат трите ученички. Најстрогата е одземање на раководството со одделението. И покрај претходното регистрираните проблеми во поведението кај децата,  на време не превзеле  соодветни педагошки мерки.

„Класните раководители сами, без да достават предлог до органите во училиштето  за изрекување соодветни педагошки мерки, на трите ученички неколку пати им  изрекле само усна, писмена опомена и укор.  Со оглед на тоа дека ваквите мерки не вродиле со плод, класните раководители требале да превземат построги чекори, како на пример нивно преместување во друго одделение или пак училиште“, кажа Томе  Спировски – директор на Државен просветен иснпекторат.

Снимката на која се гледа како две ученички брутално тепаат и влечат за коса друга соученичка ја шокираше јавноста. Сите досегашни познати норми на однесување и каков таков систем на вредности одстапија место  на неверување поради фактот дека останатите ученици само го снимале настанот без било што да превземат. Станавме општество на спектакл каде грубоста е секојдневие, вели професорот по социлогија Али Пајазити. За него е особено поразувачки фактот дека ова не  се случи во Скопје, како голем и отуѓен град, туку во Неготино.

Нашето општество вели, се уште е е дојдено до степен да стравува дека  некој ученик  може да да изврши масакр со огнено оружје, но овој настан требада не замисли. Наставниците треба повеќе време да посветуваат на децата, а во наставата требаат уште учебници од областа на етиката.

Во меѓувреме во записниците на испекторите е регистрирано дека двете ученички кои претепеа соученичка сега повторно се спријателиле. На заедничкото кафе било заборавено влечењето за коса и погрдните зборови искажани поради љубомора за момче.

Сaња Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ