Словенија останува на ЕП!

Репрезентацијата на Словенија ќе остане и понатаму дел од Европското првенство (ЕП) во ракомет кое се игра во Загреб.

Поради неправдите од страна на судиите, словенечките ракометари размислуваа да го напуштат ракометниот настан, но сепак, претседателот на федерацијата, Фрањо Бобинац соопшти дека се останува на големиот ракометен настан.

На прес-конференција непосредно пред стартот на последниот ден од првата групна фаза на Европското првенство, првиот човек на словенечкиот ракомет децидно одговори дека Словенија и понатаму ќе биде дел од континенталниот собир и ќе се бори за што поголем пласман.

Ракометната федерација на Словенија ќе остане дел од Европското првенство и ќе продолжи со натпреварите. Нема да има откажување како што се најавуваше туку ракометарите ќе продолжат со игрите.

„Управниот одбор на Ракометната федерација на Словенија одржа состанок за да видиме каков став ќе заземе во однос на ситуацијата во која се најдовме после дуелот против Германија. Бевме едногласни и се договоривме да продолжиме со натпреварувањето. На првиот натпревар не бевме задоволни од критериумот на судењето, а на вториот меч за начинот на кој бевме оштетени. Вториот меч беше причина за жалба, а бевме одбиени и многу сме разочарани поради тоа“.

Словенија ако мине во наредната фаза ќе пренесе само еден бод, поради ремито со Германците.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ