Скопје и Софија ќе работат на забрзување на изградбата на Коридорот 8

Апел за забрзување на изградбата на транспортната и енергетската инфраструктура меѓу Северна Македонија и Бугарија беше упатен денеска по седницата на Заедничката меѓуваладина комисија во Софија, со која претседаваа шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Димитров и Екатерина Захариева.

Ова е прв состанок на Меѓувладината комисија, која е формирана согласно обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан меѓу двете земји во август 2017 година.

Во изјавите по средбата двајцата министри ја потенцираа неопходноста од забрзување на изградбата на транспортниот Коридор 8, кој ќе овозможи подобра поврзаност во регионот, јави БГНЕС.

-Потребно е забрзување на проектот за транспортниот Коридор 8, повика Захариева и потсети дека двете земји создале заедничка работна група, која треба да работи на изградбата на Паневропоскиот коридор. Додаде дека е обезбедно финанирање, со оглед на тоа што не станува збор за едноставни инфраструктурни проекти.

Димитров акцент стави на енергетските проекти. – Продолжува работата и на енергетските проекти меѓу двете земји, додаде шефот на дипломатијата.

Димитров нагласи дека меѓу двете земји владее атмосфера на пријателство, разбирање и взаемно почитување.  Тој изјави дека има области во кои соработката меѓу двете држави бележи голем напредок, а како пример за тоа го посочи туризмот.

Двете земји на денешниот состанок потпишаа официјален Протокол, чија основна цел е да биде направен преглед на имплементација на Договорот.

Двајцата министри освен што претседаваа на седницата на заедничката Комисија, имаа и тет-а-тет средба.

Тие разговарале за повеќе теми, меѓу кои за економијата, културата, образованието, како и за работата на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија.

Зхариева нагласи дека политичките односи меѓу двете држави бележат голем напредок, а како пример за тоа ги посочи осумте размени на посети меѓу премиерите во изминатите две години, како и на голем број делегации и средби на различни форуми.

-Има конструктивен, добрососедски и пријателски дух меѓу двете држави, рече Захариева. Додаде дека е забалежан раст на трговската размена во 2017 и 2018 година, а во првото тримесечие на оваа година е забележан благ пад, но потенцира дека министерствата за економија почнуваат засилено да работат за спречување на таа тенденција.

Димитров нагласи дека влезот на земјава во ЕУ е важно, како за нас, така и за регионот.

Во врска со работата на заедничката експерска комисија, која минатата недела заседаваше во Скопје, а нејзините експерти постигнаа согласност за периодот на антиката и најавија следна средба во септември, Димитров изјави дека ја презема одговорноста за со мудрост и пријателство да се заврши успешно работата на заедничката комисија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Економија

Шпанската компнаија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со ЈП Државни патишта за изградба на делницата Фариш – Дреново

Шпанската компанија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба...