„СКОПЈЕ – ГРАДОТ НА СОЛИДАРНОСТА“ нов проект на МСУ И МЦК

Фактот дека голем број полски уметници и архитекти придонеле за Музејот на современа уметност и секако совршениот избор на неговата локација во градот, беше причина за повторно промислување и истражување, вклучувајќи ја и важноста на меѓукултурниот дијалог на Полска и Македонија, вели Вонсовска Павлик директорка на Меѓународниот центар за култура во Краков која заедно со својот тим деновиве престојуваше во Скопје.

Еден вид акропол на градот, овозможувајќи и на современата уметност да доминира во иднината во град со тешко минато по катастрофалниот земјотрес. Не само да ја покажеме полската колекција, туку и да потсетиме на големите гестови на солидарност од сите страни на светот во реконструкцијата на Скопје.

„Скопје градот на солидарноста“ е навистина комплексен проект кој ја вклучува и постземјотресната обнова на Скопје, значењето на модернизмот и модернистичката архитектура на полските стручњаци.

Циборовски, познатиот голем светски урбанист кој престојувал во Скопје и работел на обновување на Скопје после земјотресот. И на редица други полски истакнати интелектуалци како Хенрик Стажевски кои соработувале со Македонија, со Скопје. Познато е дека зградата на МСУ е донација на полската влада.

Се разбира полските урбанисти и архитекти во тоа време имаа големо искуство во реизградбата на Варшава која беше уништена за време на Втората светска војна, со овој проект сакаме и да потсетиме на значењето на архитектурата во доцните шеесетти и седумдесетти години, додава Вонсовска Павлик.

Целото опкружување, овој прекрасен простор тука, квалитетот на уметничките дела кои беа изложени тука ме прават на некој начин љубоморна и навистина се радувам на соработката со Македонија.

Во богатата колекција на Музејот на современа уметност се делата на истакнатите полски уметници Јежи Кравчик, Хенрик Стажевски, Бенон Либерски, Рајмунд Зјемски и многу други. Делата во рамките на проектот „Скопје- градот на солидарноста “ ќе бидат презентирани во Краков следната година.

 

Нина Стефанова
Снимател: Сотир Ивановски

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ