Скопје домаќин на европското екипно првенство во атлетика

На арената Тодор Проески викендов ќе се одржи Европското првенство во екипна конкуренција, трета лига на кое ќе партиципираат 13 национални тима.

Денешната програма почнува во 15 часот и 45 минути со натпреварувањето во скок со стап во женска конкуренција, а за 16 часот е закажан стартот на натпреварувањето во фрлање кладиво за мажи кое ќе се одржи на теренот на АРМ веднаш до арената.

Најголеми фаворити за освојување на првото место се селекциите на Исланд и Србија додека неколку наши атлетичари се во потесна конкуренција за триумф во своите дисциплини.

Дарио Ивановски ќе биде дел од трката на 1500 метри кој најави дека ќе атакува на државниот рекорд, а најголеми шанси за освојување на првата позиција има Јован Стојоски кој во трката на 400 метри од сите конкуренти има убедливо најдобро време.

Возбудлива борба за првото место ќе се води и во фрлање ѓуле каде најдобар резултат има српскиот репрезентативец Асмир Колашинац, кој сезонава има постигнување од 20 метри и 88 сантиметри само пет повеќе од Кемал Месиќ од Босна и Херцеговина.

Влезот за сите заинтересирани е слободен.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ