Скопјани во агонија од комарците, доцни дезинсекцијата од Градот

За скопјани, секое излегување надвор во летните периоди претставува ново соочување со инвазијата од комарци.

На кеј, во парк, насекаде – инсектите кои асоцираат на лето, овојпат ги има во многу поголем број од порано, е впечатокот на жителите.

Тие алармираат за сериозноста на ситуацијата и ги повикуваат надлежните да се мобилизираат.

„Треба да се прска, мислам дека не е прскано одамна. И напаѓаат и касаат и се чешаме. Купуваме препарати и такви некои препаратчиња што се за во струја за комарциите да не не касаат“.

„Мислам дека ситуацијата е алармантна, а се справувам со аутан“

„Хигиената е нула овде. Нечисто е, затоа повеќе комарци има“

Доктори од институтот за јавно здравје објаснуваат дека првото прскање требало да биде во март, кога комарците се уште се ларви, а не да се остави за во лето.

Оттаму, ги посочија градските власти како виновници поради задоцнета реакција. Велат, сите процедури за почеток на дезинсекцијата можело да бидат исполнети навреме.

„И покрај бројните прскања против комарци од страна на службите на Градот, скопјани се жалат. Велат, оваа година има повеќе комарци од кога било претходно“

Наспроти сугестијата од Институтот за јавно здравје дека против комарци првпат требало да се прска во март, од Град Скопје потенцираат дека првата фаза е започната на почетокот на јули месец и дека таа практика е иста како и секое претходно лето.

„Тоа што го прави Град Скопје оваа година не е ништо поразлично од претходните години, Досега е прскано во две фази. Првата фаза беше во почеток на јули, кога се прскаше против комарци и ларви од комарци. Втората фаза беше во средината на јули и почетокот на август“, кажа Ваљон Салиху – Портпарол на Град Скопје.

Петар Догов

 

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ