СЈО: Подготвени сме веднаш да ги предадеме предметите на ЈО

Неопходно е ова Обвинителството  да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство, се вели во соопштението објавено на официјалната страната на Специјалното јавно обвинителство.

-Jа известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за
Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, неопходно е ова Обвинителството  да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, се вели во соопштението на СЈО.

-Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија  доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази. За останатите детали околу примопредавањето ќе известиме дополнително, се наведува во соопштението од СЈО.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ