Сивата економија го јаде буџетот

Стопанствениците ќе се изначекаат на новиот закон за прекршоци.Иако со месеци се жалат на нагорен тренд на сивата економија, законот со кој се очекува да се реши овој проблем сеуште е во нацрт верзија.Нема најави кога ќе биде готов иако ублажувањето на казнената политика и засилување на инспекциските служби беа дел од предизборните ветувања.

„Законот е во нацрт верзија, се разгледува од сите институции, со него ќе има ублажување на казните, се собираат мислења, важно е да биде одржлив“, вели директорката на УЈП Сања Лукаревска

Анализите на бизнис секторот покажуваат дека сивата економија продолжува да ја јаде буџетската каса. Фирмите што работат на црно во старт се 50 % поконкурентни од регистрираните. Тоа им прави годишни загуби и до 15 % од профитот а највисоки се штетите во ИТ индустријата. Се проценува дека таму тие достигаат и до 6 мил евра годишно по производ. Овие субјекти мора да се внесат во системот велат од ССК,бидејки прават милионски профити на црно а никаде не фигурираат

Трендот на преминување од легален во нелегален бизнис според комората е започнат пред 3 години и константо се зголемува. Најзастапен е во градежништвото но се повеќе го има во индустријата каде производствени погони се ставаат во употреба без да бидат регистрирани. Таквите фирми не плаќаат даноци  и придонеси а тековните трошоци наместо по индустирски тарифи ги плакаат како физички лица. Според извештајот на ОЕЦД во вкупната економија сивата економија учествува со 25 % а ЕУ алармираше дека нелегалниот бизнис останува главна пречка за економијата.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ