Сите математики за пласман на Македонија во втората фаза

Македонската репрезентација има неколку опции за продолжување на престојот на ЕП.Најсигурна варијатна е победа од најмалку два или повеќе голови   над Австрија за место во вториот круг, но во зависност од разликата може да се пренесат бодови или пак да се стартув од нула во вториот круг.Тоа зависи од следните варијанти:

  1. Триумф  на Македонија над Австрија од два или три гола разлика. Во тој случај сениорите ќе имаат  подобра гол разлика, го освојуваат  првото место во групата пред Австрија и пренесуваат два бода. Чешка ќе биде елиминирана.
  2. Победа на Македонија над Австрија од еден гол, но под услов да се постигнат 32 гола  или повеќе, варијатна која значи пласман во Втората фаза заедно со  Австрија.И во оваа комбинација Чешка е надвор од ЕП.
  3.  Победа на Македонија над Австрија од  четири гола разлика, а противникот да постигне повеќе од 24 голови, е нова опција за прво место на Македонија и два бода во следнит круг пред Австрија. Чешка е надвор од ЕП.
  4. Победа на Македонија над Австрија од четири голови, а Австрија реализира  помалку од 25 голови, тогаш ко-домаќинот  ќе биде елиминиран. Чешка би била на прво место, а Македонија ќе продолжи без бодови.
  5. Победа на Македонија од пет или повеќе голови  разлика, тогаш Австрија ќе испадне,  Чешка е на прво место,  а Македонија во  втората фаза ќе продолжи без бодови.
  6. Реми на Македонија и Австрија. Австрија е 1-ва,ние ќе чекаме победа на Украина над Чешка.

Македонските репрезентативци атакуваат на пласман во втората фаза. Исти се и амбициите на Австријците, чиј селектор изјави дека шансите вечерва се 50:50.

Стево Костовски

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ