Синдикатот на клинички бара минимална плата од 1000 евра за лекарите

Лекарите сакаат да издејствуваат фиксната минимална плата за нив да биде илјада евра и тоа да им биде гарантирано со Закон.

Колку повисока докторска функција, толку поголема плата што може да значи најмногу 1600 евра. Борбата ја водат по институционален пат. За некое време пред пратениците во Собранието ќе се најде на гласање новиот Закон за лекарска дејност, со изготвен текст за кој сега се води јавна дебата.

Од Синдикатот на Клинички ги критикуваат колегите коишто се дел од Лекарската комора. Тие го напишале најголемиот дел од нацрт-текстот на Законот.

Од Комората велат дека се консултирале и со економски експерти за тоа колку пари да побараат минимална плата за нив, а тоа да не биде преголем товар за буџетот на државата.

Ветување на Владата беше дека до крајот на мандатот ќе се заложат платите на докторите специјалисти во терциерното здравство да се зголемуваат постепено и да достигнат износ од најмалку 100 илјади денари.

Петар Догов

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ