Симовски: Со дисциплинирана игра до победа

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во арената Борис Трајковски против селекцијата на Исланд ќе го одигра можеби решавачкиот натпревар за пласман во баражот за Светското првенство.

Убедливата победа над Азербејџан беше само вовед во вистинските предизвици за нашиот тим, а прв е токму овој вечерва против Исланд.

“Претстојните натпревари со Исланд и Турција се многу важни. Ниту еден од противниците не е за потценување. Треба да имаме максимално професионален пристап. Ако сакаме да победиме мораме да играме дисциплинирано Сигурен сум дека овие девојки ќе ги исполнат сите тактички замисли и на крајот да се радуваме на пласман во следната фаза. Репрезентацијата на Исланд е сериозен противник имаат добри ракометарки на сите позиции и ќе повторам дека мораме да одиграме на највисоко ниво ако сакаме да победиме”, истакна селекторот Симовски.

Во вториот дуел од денешната програма од 20 часот играат Турција и Азербејџан, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ