Шведска лесно го освои „Кале“: Македонија немоќна пред фаворитот

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од 20-32 од Шведска во рамки на претпоследното 5.коло во квалификациите за Европското првенство, што се одржува во Франција кон крајот на оваа година.

Швеѓанките доминираа од почеток до крајот на натпреварот. Уште во првиот дел предноста на гостинот дојде и до +10, а на полувремето беше 7-16. И во второто полувреме Македонија немаше никакви шанса барем да го ублажи поразот, најмногу бидејќи противникот играше на идентично ниво за на крајот да победи со заслужени 20-32.

Моника Јаневска и Сара Ристовска со по пет голови беа најефикасни во нашиот табор, додека Натали Хагман беше најдобра кај Швеѓанките со шест погодоци. Македонија по овој натпревар останува на третото место во групата 3 со четири освоени бодови и ги загуби сите шанси за пласман на Европското првенство.

Во последното коло на 3 јуни нашата репрезентација гостува кај Србија во Ниш.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ