Шведска ја преслуша Хрватска и ја одведе Србија во главната фаза на ЕП

Шведска ја совлада Хрватска со 35-31 со која го обезбеди првото место во групата А на Европското првенство, но воедно ја одведе и Србија во главната фаза, а Исланд си оди дома.

Со оваа победа „викинзите“ во главната фаза ќе пренесат четири бодови, додека домаќинот Хрватска ќе пренесе два, а Србија без бодови оди во Загреб.

Шведска одигра неверојатен натпревар во нападот, каде имаше 76 отсто реализација, а фантастично ги чуваше главните играчи на „коцкестите“ Игор Карачиќ и Лука Циндриќ. Домаќинот на турнирот немаше помош ниту од голманите, кои вкупно имаа шест одбрани, четири Иван Стевановиќ, додека само две забележа Иван Пешиќ.

Иван Чупиќ со седум голови беше најефикасен во таборот на „коцкестите“, додека на спротивната страна Албин Лагергрен постигна шест погодоци.

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ