Што вели извештајот на ЕУ за Србија, Црна Гора и Турција

Европската Комисија има констатирано извесен напредок во повеќе клучни сектори кај земјите кандидатки од Западниот Балкан – Црна Гора и Србија, додека за Турција се наведени низа критики поради што како заклучот стои дека државата се повеќе се оддалечува од Унијата. Кога станува збор за Босна и Херцеговина, Комисијата даде позитивно мислење за добивање на кандидатски статус.

Во извештајот за Црна Гора стои дека периодот за известување и понатаму е обележан со ниското ниво на доверба во изборната рамка, политичката сцена останува фрагментирана, поларизирана и обележана со недостаток на вистински политички дијалог. Што се однесува до управувањето, потребно е да се зајакне транспарентноста, учеството на засегнатите страни и капацитетот на владата за спроведување на реформите. Црна Гора е умерено подготвена со реформата на својата јавна администрација и судскиот систем и постигнат е одреден напредок. Иако државата напредувала и во борбата против корупцијата, таа останува широко распространета. Слично е и во делот на организираниот криминал каде од Комисијата нотираат напредок но оценката е дека државата е умерено подготвена.

Зa Србија, клучот освен во реформите е и во решавањето на односите со Косово.

Србија треба да направи значителни напори, особено во своите меѓународни односи, да воспостави погодно опкружување за склучување правно обврзувачки договор со Косово. Таквиот договор е итен и клучен за Србија и Косово да можат да напредуваат на нивните европски патеки, посочува ЕК.

Протестите на опозицијата ио најавениот бојкот на изборите исто така се најдоа во извештајот каде се зкалучува дека е итно мора да да се создаде повеќе простор за вистинска меѓупартиска дебата.

Кога станува збор за реформите, умерено подготвена е оцената за Србија. Одреден напредок е констатиран  кај јавната администрација, пазарната економија и борбата против корупцијата. Сепак во извештајот стои дека минатогодишните препораки за реформите во судскиот ситстем се само делумно адресирани а кога станува збор за организираниот криминал нема никаков напредок.

Турција продолжи да се движи подалеку од Европската унија констатира Комисијата. Нотирани се сериозни критики околу владеењето на правото и фундаменталните права, слабеење на економијата за што е наведена и загриженост околу функционирањето на пазарната економија. Во извештајот е заклучено дека има нарушување на рамнотежата во политичкиот систем.

Европската комисија даде позитивно мислење за барањето на Босна и Херцеговина за добивање кандидатски статус за членство во Европската Унија. Во мислењето се наведува дека Босна и Херцеговина може да стане членка на ЕУ но мора да се исполнат голем број на чекори и барања.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ