Шпанската партија Вокс бара изградба на ѕид околу двете енклави во Мароко поради мигрантите

Шпанската крајно десничарска партија Вокс предложи изградба на ѕид околу двете шпански енклави во северна Африка за да се спречи нелегалното влегување на мигрантите

Генералниот секретар на партијата Хавиер Ортега Смит рече дека ѕидовите се потребни за да се спречи „лавината“ мигранти кои ја уриваат пограничната ограда и илегално влегуваат во двата шпански града на брегот на Мароко, Мелиља и Сеута.

Партијата не смета дека Шпанија треба да побара или да очекува од Мароко да ги плати ѕидовите, за разлика од ѕидот на јужната американска граница за кој американскиот претседател Доналд Трамп инсистира дека Мексико треба да го финансира.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 3.624 мигранти влегле преку копно во шпанските автономни градови Мелиља и Сеута, без одобрение, од почетокот на годинава до крајот на август. Тоа се 951 мигрант помалку од истиот период лани.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ