Шкендија е старо-нов шампион на Првата лига

Шкендија стигна до својата трета шампионска титула во историјата и втора по ред во Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци до трофејот дојдоа на четири кола до крајот на сезоната, откако со минимални 1-0 славеа на гостувањето кај Работнички, а Вардар не славеше на гостувањето кај Шкупи. Енур Тотре беше стрелец на голот за Шкендија и тоа во 90-тата минута.

Шкупи и Вардар одиграа 2-2, па тоа и овозможи на Шкендија да ја освои титулата, бидејќи разликата помеѓу најголемите ривали моментално изнесува 13 бодови на четири натпревари до крајот.

Победа од денеска и официјално е второлигаш, откако се отпиша од елитата со неверојатен пораз од 9-1 на гостувањето кај Ренова.

На останатите натпревари, Силекс со 3-0 ја совлада Академија Пандев, Беласица со 3-1 беше подобра од Македонија Ѓ.П.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ