ШК „Алкалоид“ се подготвува за Европскиот Клупски Куп 2018

Шаховскиот клуб „Алкалоид“, повторно во борба за европски медал. Европскиот Клупски Куп (European Club Cup), ќе се одржи во октомври во Порто Карас, Грција. ШК „Алкалоид“ беше Европски Клупски Шампион во шах за 2016 година и вицешампион за 2017 година,  а минатата година  успехот го надополнија со 5 медали за индивидуални резултати по табли (4 златни и еден сребрен).

Дотогаш, екипата на „Алкалоид“, ќе учествува на екипниот Шампионат на Македонија, од 11 до 17 Август во Струга. Шампионскиот состав и оваа година е непроменет и ќе се бори за 7-та последователна титула или вкупно ја “брка” својата 21 шампионска титула во 27-миот настап од 1992 година. Покрај најдобрите македонски шахисти, стандардни членови на клубот, ВМ Трајко Недев, ИМ Филип Панчевски, ВМ Звонко Станојоски, ИМ Дејан Стојановски, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ и ВМ Влатко Богдановски, дел на екипата се и четворицата велемајстори од светскиот врв. Странските играчи, во изминатите години повеќе пати биле дел од составот на ШК „Алкалоид“ и на овој начин продолжува да се негува тимскиот дух на екипата, кој се покажува како исклучително значаен фактор во успешните настапи претходните години, се вели во соопштението.

Функционирајќи веќе 42 години под континуирано спонзорство на компанијата „Алкалоид АД“ Скопје, клубот важи за еден од најуспешните во  Европа.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ