Шинејд О`Конор премина во ислам

Ирската пејачка Шинејд О`Конор деновиве на Твитер објави фотографии од себе си со хиџаб, како и видео на кое пее Азан – повикот за молитва. Таа соопшти и дека преминала во ислам и го променила своето име во Шухада Давит.

– Објавувам дека со гордост станав муслиманка. Тоа е природен крај на патувањето на секој интелигентен теолог. Проучувањето на светите книги од сите вери води кон исламот, што значи дека сите други книги се излишни, напиша таа.

Пејачката е позната по хитот „Nothing compares to you” од 1990 година, но и по сценскиот настап во 1992 година, во кој искина портрет слика од папата Јован Павле Втори. Честопати во своите интервјуа говореше и за своите психички проблеми.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ