ШИФРИН СТИГНА ДО ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ ВО СУПЕР-ЏИ

Микаела Шифрин го освоите четвртиот златен медал од настапите на СП во алско скијање и  првиот во супервелеслалом.23 годишната американка денеска триумфираше во Аре  на отварањето на 45. СП.Во исклучително неизвесна трка,Шифрин победи со предност од само 2 стотинки пред италијанката Софија Гоџија и за 0.05 во однос на Корин Сутер од Швајцарија која се закити со бронзениот медал.Линдзи Вон ,Светската супер-џи шампионка од 2009 и носителка на уште две медали во дисцилината  која најави повлекување од скијањето кон крајот на сезоната, имаше тешко излетување но заврши без повреда и ќе биде во комбинација кај американскиот тим за спустот.Утре во Аре ќе се одржи машкиот супервелеслалом. Македонската репрезентација во состав  Антонио Ристевски, Лука Божиновски, Виктор Петков и Дардан Деари  ќе настапи на СП  во слалом и велеслалом, трки закажани за 15 и 17 февруари.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ