Шест лица се приведени во врска со истрагата за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, дознава Телма

Шест лица се приведени во врска со истрагата за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, дознава Телма. Меѓу нив е возачот на автобусот и сопстевникот на автобуската компанија Дурмо Турс.

Во секој момент треба да започне прес конференцијата во Основното јавно обвинителство, на која јавниот обвинител Сашо Рајчев ќе ги каже детали за истрагата за автобуската несреќа , која се случи на 13-ти февруари, и загинаа 15 луѓе.

Автобусот беше на вештачење во Машинскиот факултет, каде требаше да се утврди дали бил технички исправен, а причината за несреќата ја бара Бирот за судски вештачења. Распрашувани беа сведоци, меѓу нив и возачот на авотобусот кој преку социјалните мрежи добиваше закани, поради што полицијата се грижеше за неговата безбедност.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќаше на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излета од автопатот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ