Шариари: Идентификувани 100 жртви од соборениот украински авион

Шефот на Обвинителството во Техеран, Мохамад Шариари денеска изјави дека до сега се идентификувани 100 луѓе од соборениот украински патнички авион во Иран.

Идентификувани се 100 жртви благодарение на неуморните напори на нашите колеги и форензичарите. До сега телата на 30 жртви се предадени на нивните семејства, посочи Шариари.

Тој додаде дека продолжува процесот на идентификација на жртвите, како и дека истиот ќе биде завршен до крајот на неделата.

Иранската армија призна дека ненамерно го соборил украинскиот авион при што загинаа 167 патници и членови на екипажот.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ