Шампионот поведе во финалето на Западот

Голден Стејт го совлада Портланд со 116:94 и поведе со 1:0 во финалната серија во Западната конференција.

И покрај фактот што настапи без еден од најдобрите играчи, Кевин Дурент, Голден Стејт без поголеми проблеми успеа да забележи победа во првиот дуел од решавачката серија за титулата на Западот.

Стеф Кари мечот го заврши со 36 поени, седум асистенции и шест скока, Клеј Томпсон беше стрелец на 26 поени додека Дрејмонд Грин имаше учинок од 12 поени и 10 освоени топки под обрачите.

Во поразениот тим Демијан Лилард имаше учинок од 19 поени и шест додавања додека Мо Харклес и Си Џеј МекКалум и Родни Худ беа стрелци на по 17 поени.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ