Сестрата на девојката на синот на Катица Јанева го криела наводно изгубениот телефон

Додека синот на Катица Јанева, Лазар тврдеше дека мајка му телефонот си го изгубила во Белград, според неофицијални информации телефонот е пронајден кај сестрата на неговата девојка. Од обвинителството за сега не ја потврдуваат информацијата за тоа каде е најден телефонот но тврдат дека е кај лице кое рекло дека е добиен на подарок. Извори од СЈО пак за Телма велат дека токму девојката на синот на Јанева, е вработена во самото СЈО. Во специјалното обвинителство имало информации дека Јанева има и приватен втор телефон освен службениот, но со нив не разговарала од него. Обвинителството за организиран криминал им наложило на мобилните оператори да го лоцираат преку неговиот ИМЕИ. Сега е одземен и даден на вештачење. 

Со цел утврдување на натамошни факти, мобилниот телефон по наредба на обвинителството ќе биде предмет на вештачење. Истовремено, обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, велат од Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Инаку синот на Јанева е вработен во 1 ТВ и таа денеска потврди дека преку него е блиска и со сопственикот на медиумот Бојан Јовановски.

Инаку во меѓувреме завршено е вештачењето на службениот телефон на Јанева, но детали какви информации крие тој, за сега не се откриваат. Обвинителката за организиран криминал  Вилма Русковска претходно тврдеше дека никој нема да биде поштеден од истрагата доколкусе најдат докази против него. Јанева се уште не е осомничена во истрагата рекет за која во притвор се Боки 13 и Зоран Кичеец. Две специјални обвинителки се понудиле да бидат сведоци, според информациите на Телма тоа се Лиле Стефанова која го водеше случајот империја и заменичката на Јанева, Елизабета Јосифовска.

Билјана Николоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ