Семејството Спасовски нема елементарни услови за живот на нивните деца

Готват, спијат во оваа соба, која е речиси десет квадрати, а таванот може во секој момент да им се урне над главите на четиричленото семејството Спасовски, кои живеат во селото од разбиен тип Тодоровци во Македонска Каменица. За ова семејството времето е застанато како пред два века. Полското Веце е направено од даски и покриено со најлон, а пет годишниот Јован  и две годишниот Павел се капат во корито старо една деценија. Бранко тешко говори пред камерата на Телма  од проблемите кои му натежнале, заради грижата за неговото семејство. Бара градежен материјал и донации за да си го изгради барем тоалетот додека не пристигне зимата.

49 годишниот Бранко е вреден комунален работник, кој секој ден без разлика дали е лето или зима пеш  ги поминува  ридовите, за да пристигне до своето работно место во Македонска Каменица. Патот до маалото Албанци не е асфалтиран.

Неговата плата од 200 евра незнаат за што поправо да ја потрошат, дали за сметки или за храна за децата. Пари за градење не остануваат. Семејството се обидело да живее под кирија во  Македонска Каменица, но парите не им стасувале за егизистенција, па морале да се преселат во селото. Приказната за субстандардните услови во кои живее семејството Спасовски ја откри Дарко Гоцевски, кој ја доби и втората награда за граѓанско новинарство од МЦМС и Телма.

Донации пополека пристигнуваат во облека и стар мебел, но на оваа семејство, кое живее во трошна куќа со поглед кон езерската ширина на Калиманци потребно е трајно решавање на станбеното прашање.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ