Семејна драма: Почина повредената жена, сопругот и 10-годишната внука во болница, а нивните најблиски одзади го гледале верижниот судир

38-годишната кавадарчанка која беше најтешко повредена во утринската сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Скопје, попладнево почина на клиниката КАРИЛ во Скопје.

Лекарите на клиниката неколку часа ја држеле под надзор поради сериозните повреди на главата, но не успеале да ја спасат.

Сопругот на загинатата е исто така меѓу повредените и заедно со 10-годишната внука е префрлен во велешката болница каде се задржани. Тројца патувале во исто возило кое било трето воверижниот судар на автопатот. Нивното возило удрило во камиончето кое застанало за да го избегне извртеното БМВ.

Девојчето се возело со своите роднини кон Скопје, а родителите на повреденото дете биле неколку возила поназад и во живо ја гледале трагичната несреќа. Никој од кавадрчаните во другото возило не бил повреден и учествувале во давањето помош на настраданите.

Во несреќата, покрај загинатата жена,  повредени се уште 4 луѓе, покрај сопругот и внуката на починатата, жител на Прилеп сам се пријавил во скопските клиники, а уште еден велешанец подоцна поради болки е примен во болницата во Велес.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ