СЕХА ЛИГА:ВАРДАР УБЕДЛИВ ПРОТИВ МОТОР ЗА 1.МЕСТО ВО А ГРУПАТА

Вардар им се реваншираше на украинците за единствениот пораз во досегашниот тек од сезоната во Сеха лигата и со 18 бодови се издвои на 1.место во групата А после 7.  натпревари. Европскиот првак кој ја брани титулата и во регионалната лига,славеше пред домашна публика со  44-37.         Мечот во СЦ Јане Сандански  се одвиваше изедначено во првите 30 минути.На паузата,  Вардар  замина со  предност од 20-19.Ефикасно  и во вториот дел каде почетните минути му припадна на Вардар.Фаворитот  се оддалечи на плус  4 и во 52 минута веќе имаше 38-31 за мирен финиш.Дибиров постигна 11 голови а зад најефикасниот вардарец ,9  реализираше Чупиќ,7  Шишкарев ,5 Сикошек Пелко.Стоилов,Димитрииски и Скубе постигнаа по два погодока.На голот Кизиќ запре 5 удари на Мотор, Гебдан  имаше една интервенција

Вардар  ја продолжува сезоната во Полска.Во сабота европскиот првак гостува кај  Кјелце во меч од  8.коло во ЛШ.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ