СЕХА ЛИГА: МЕТАЛУРГ ЗАМИНА БЕЗ БОДОВИ ОД НОВИ САД

Војводина-Металург  31-30   што е  седми  пораз  за  скопската  екипа во тековната  Сеха сезона. Македонскиот вицепрвак имаше  можност за реми  и за   победа ,но шансата  исчезна  во  финишот.Металурзите имаа  поволен резултат во поголемиот дел од гостувањето.Водство  од 5. минута ,разлика на полувреме од   15-17 и  предност  до 44 минута  кога домашните поведоа со 24-23.Во продолжение, Војводина  ја имаше потребната концентрација и победи со еден гол разлика.

Шпенде со 7 голови беше прво име во статистиката кај Металург,Токиќ постигна 6.Според календарот ,Металург на 5 декември го пречекува Вардар.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ