СЕХА Ф4 ќе се одржи во септември

Директорот на СЕХА лигата, Синиша Остојиќ најави дека завршницата од регионалното ракометно натпреварување ќе се одржи во септември и тоа пред почетокот на новата сезона.

Остојиќ верува дека земјите од каде доаѓаат клубовите ќе дозволат на почетокот од јули да се стартува со подготовките за почетокот на новата сезона и според тоа играчите ќе имаат доволно време да влезат во форма и според него идеален термин за одржување на завршниот турнир ќе биде токму септември.

Според пласманот во првиот дел од натпреварувањето во полуфиналето на Фајнал фор ќе се соочат Вардар – Нексе и Веспрем – Загреб.

Седум дена по одигрувањето на завршната битка за трофејот се очекува да почне новата сезона во регионалното натпреварување кое најверојатно ќе биде проширено за еден нов член, а станува збор за Динамо од Букурешт кој во моментов е најдобриот клуб во Романија и успеа да влезе меѓу 16-те најдобри во Лигата на шампионите.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ