Седум опции за развој Попова Шапка

Физибилити студијата нуди 7 опции за развој Попова Шапка, обелодени Министерот за економија Крешник Бектеши, откако студија вчера беше презентирана зад затворени врати.

Најверојанто ќе се земе во предвид изборот центарот да се развива на основа на јавно – приватно партнерство, затоа што државата веќе вложува во изградба на жичници, а со хотелите сопственост на АД ЕСМ би управувал приватен концесионер, затоа што досегашната пракса покажала дека секоја година се во загуба.

Студијата предвидува и изградба на нова Жичара Тетово – Попова Шапка.

Невладините организации, вчера негодуваа поради донесување на одлуки за развој на центарот далеку од очите на јавност. Велат дека досега се потрошени над пола милион евра за стуии и анализи, но на терен за развој на центарот ништо не се презема.

Една од точките на денешната седница на владата која ќе се одржи во Тетово е разгледувањето на физибилит студијата за Попова Шаппка и избирање на најоптималната понуда за нејзин развој. 

Зоран Димовски    

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ