Седум и пол години затвор за дедото на Тамара, не смеел да ја зема правдата во свои раце

Занемен и без никаква емоција, Љупчо Стојановски ја слушна пресудата 7 и пол години затвор за тоа што сакал да се одмазди за починатата внука Тамара.

Судијката Софија Лаличиќ во образложението истакна дека и покрај болката која ја имал поради смртта на внуката, дедото не смеел сам правдата да ја зема во свои раце. Требало да биде свесен дека е отворена истрага против 12 мина кои одлучиле Тамара де не е испратена на лекување во странство, но меѓу нив не е обвинет екс министерот Никола Тодоров за кој дедото смета дека е главен виновник за загубата на девојчето.

Никола Тодоров како оштетен не беше во судницата на изрекувањето на пресудата за обид за негова ликвидација. Обвинителката Софка Ќека Наумовска не сакаше да ја коментира. Адвокатката на Стојановски не е задоволна. Вели донесена е затворска казна без судот да ги изгледа видео снимките од безбедносните камери, без да има доказ дека дедото стрелал и и со докази прибавени под сомнителни околности.

Девојчето Тамара Димовска почина пред повеќе од три години, судскиот процес за нејзината смрт против лекарите кој одбиле да ја испратат на лекување во странство се уште не е започнат. Нејзиниот дедо го предизвика инцидентот пред една година на денот на заминување на екс министерот за здравство Тодоров од функцијата. Сега останува во притвор бидејќи судот се сомнева дека ќе го повтори обидот за убиство.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Македонија

Средба Заев – Пенс: Честитки за одговорната одлука за договор со Грција, догодина заедно ќе го прославиме членството во НАТО

Охрабрувачки пораки за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот со Грција упати Потпретседателот на...