Се зголемува минималната плата

Минималната плата се зголемува на 14.500 денари. Владата истакна дека преговорите со бизнисот и синдикатите се успешни и дека работниците пријавени на минималец  ќе земаат плата повисока за 2000 денари од сега.

Сојузот на синдикатите на Македонија ја поздрави ваквата одлука , но велат дека сите работници и сектори треба да имаат сразмерно покачување на платите.

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев пак истакна дека растот на платите е предизвикан од реалната економија во земјата и дека нивото на минималната плата е приближно на нивото во другите земји во регионот.

Во моменот минималната плата изнесува 12.507 денари.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ