Се укинуваат ограничувањата во кинеската провинција каде започна коронавирусот

Кина денеска ги укина драстичните ограничувања воведени пред неколку месеци во провинцијата Хубеи, жариштето на пандемијата со новиот коронавирус. Во последните 24 часа во Кина не е откриен ниту еден случај на локална зараза, но регистрирани се 47 пациенти кои вратиле од странство.

„Вкупно потврдени се 474 „увезени“ случаи. Најголемиот број од нив се Кинези, кои се вратија дом“а, се наведува во соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи.

Исто така се додадва дека во последните 24 часа починале четири лица, од кои три во покраината Хубеи, каде се наоѓа Вухан, градот што прв настрада од Ковид-19.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ