Се тестираат пациенти  од Домот за стари лица во Битола

Повеќе корисници во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола се тестираaт на КОВИД-19, откако еден 86 годишен пациент е позитивен на вирусот.

Земени се брисеви од пациентите во околните соби на спратот каде што било сместено ова лице, а персоналот кој бил во контакт со него е испратен во домашна изолација. По систем на ротација донесени се други вработени. Дадени се и препораки за темелно чистење и засилена хигиена во објектот, потврдија за Телма од Министерството за здравство.

Заразениот пациент е хосптализиран во Инфективното одделение во болницата на 4 април, поради зголемена темпераура. Тој бил примен во домот на 18 април, највероатно веќе бил заразен затоа што неговата внука неодамна се вратила од Германија. Приемот бил извршен во редовна процедура и не му била направена епидемиолошка анкета.

Сега се очекуваат резултатите од земените брисеви на останатите корисници, меѓу кои се две лица што делеле  иста соба со заболениот.

Во Старскиот дом во Битола има вкупно 154 корисници и 34 вработени, од кои 8 се во домашна изолација.

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ