Се расчистува местото на несреќата, а полицијата ги собира последните докази оттаму

Осум часот наутро – трагите од гуми на асфалтот, искршените банкини и превртениот автобус во нивата сведочеа за трагедијата на автопатот Скопје – Тетово. Околу петнаесет часа по несреќата, на дневна светлина, полицијата и јавниот обвинител детално анализираа што се случило и како автобусот излетал од патот.

Расфрланите алишта и лични документи на патниците се уште на местото на несреќата покажаа низ што поминале несреќните патници. Веднаш откако автобусот се превртел, локалното население притрчало на помош – да им помогне на преживеаните и да ги извади оние кои загинаа.

Некои од нив во камера ни раскажаа како помина кобната вечер во село Ласкарци.Увидната екипа на местото пристигна по девет часот утрината и започнаа да ги прегледуваат најпрво личните работи на патниците кои патувале со автобусот на компанијата Дурмо турс.

Направија записник, а потоа започнаа и потешкиот дел – да го исправат автобусот и да го подготват за вештачење во касарната во Ѓорче Петров.Вештаците треба да анализираат и да кажат како дошло до несреќата и дали во одредени околности бројот на загинати можел да биде помал.

Ова ги натера властите знамето да го спуштат на пола копје и да прогласат денови на жалост.

Петар Догов

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ