Се повеќе деца со искривени ‘рбети и преголема тежина

Новите детски игри пред компјутерите, паметните телефони се причините што се зголемува бројот на деца со искрвени рбети. Физичката неактивност е и причина плус за зголемената телесна тежина. Според последниот систематски преглед на штипскиот фудбалски клуб Галос, а кој го направиле кинезотерапевти, најпогодени се децата од шест до девет години.

Решенијата за ваквите здравствени проблеми кај децата се гледа во спортот и корективната гимнастика, која треба да ја реализираат наставници по физичко образование. Училиштата се местата, каде што треба да се поттикнат децата на физичка активност, смета академската фела, но и стручните лица. Методи Петров кој 25 години работи со децата во една од штипските детски градинки, вели праксата покажува дека  физичката активност кај децата затајува и е на ниво на импровизација од прво до трето одделение.  Затоа според него за поздравување се и измените во Законот за основно образование.

Последните податоци на Институот за јавно здравје се алармантни и  покажуваат дека секој трет ученик во земјава или 14.000 основци и 10.000 средношколци имаат искривување на рбетот или лошо држење на телото.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ