Се почитуваат измените на полицискиот час, но не и препораките за употреба на маските

Аптеките повеќе од недела немат залихи на маски и ракавица . Луѓето купаа во големи количини, па сега ги носат секаде. Низ скопските улици, пазари, пред маркетите можат да се забележат граѓани кои носат заштитни маски и медицински ракавци. Сретнавте и такви , кој дома си направиле маски за да се заштитат од корона вирусот. Според лекарите, не треба да се носи маска на отворено. Епидемиологот Владимир Микиќ во „Топ Тема“ изјави и дека на тој начин повеќе се ставаат во ризик отколку што се штитат од корона вирусот.

Речиси и да нема човек што што од појавата на КОВИД – 19 не купи маска или ракавици , па со тоа се зголеми и медицинскиот отпад , кој досега во „Дрисла“ стасуваше само од болниците и амбулантите.  Од Јавното комунално претпријтие апелираат граѓаните да внимааваат како го пакуваат отпадот од домовите и каде го фрлаат.

Инаку,  Владата вчера донесе измени на полицискиот час. Сите над 65 години од 11 часот до 5 наутро ќе мора да седат дома. Пред истекот на часот затекнавна пензионери кој брзаа да испазаруваат да купат лекови и да си дојдат дома пред 11. Нашата камера не сретна пензионери кои негодуваа на оваа одлука.

На една од најфрекфентинте автобуски во Скопје , пред Зеленото пазарче денеска немаше метеж. Откако вчера во јавноста излегоа неколку видеа и фотографии од преполни автобуски и постојки , ЈСП денеска го врати стариот возен ред. Денеска е трет ден откако е воведен полициски час на територија на цела Македонија, а со новите измени се опфатени и малолетните лица кои ќе смеат да се движат само од 12 до 21 ч.

 

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ