Се фрла ли ѓубре од прозорците на државните институции?

Неверојатно предупредување и апел до вработените во бројни државни институции и органи да не фрлаат ѓубре од прозорците се појави денеска на повеќе места на зградата во која се наоѓа Советот на јавните обвинители.

Истиот текст е залепен на повеќе места и според содржината авторот бил сведок на повеќе вакви случаи.

“Почитувани колеги од целата зграда ќе ве молам да престанете да фрлате ѓубре од прозорците, се надевам дека барем имате канти за ѓубре во вашите канцеларии и дека сте барем малку културни со оглед на вашите работни позиции”.

Покрај Советот на јавни обвинители, во истата зграда се наоѓа и институтот за акредитација, Центарот за обуки при Секретаријатот за европски прашања, Агенцијата за храна и ветеринарство, Управата за водење матични книги, Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на државата, Агенција за поддршка на претприемништво, Една точка за услуги при Министерството за информатичко општество и администрација.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ